Лејди Гага на вчерашното доделување на музичките награди „Греми“ имаше неколкуминитен настап во чест на неодамна починатата легенда Дејвид Боуви. Облечена во костими кои реферираа на Боуви, и со коса обоена во црвено од фазата Зиги Стардаст, таа ги испеа Space Oddity, Fashion, Changes, Fame, Let’s Dance, Heroes… Голем е товарот да се направи омаж на еден од највлијателните и глобано почитувани музичари кој некогаш одел на планетава, и иако постеаја негодување зошто токму Лејди Гага со трубјут на Боуви, пејачката успешно се снајде во улогата и првите реакции се позитивни.
Нема коментари