Како што веќе претходно информиравме се подготвува третата сезона од серијалот American Crime Story што ќе се фокусира на убистовото на модниот дизајнер Џани Версаче, со што почна трката за главните улоги, а деновиве потврдено е дека Лејди Гага ќе ја глуми улогата на Донатела Версаче, сестрата на Џани. Лејди Гага и Донатела инаку се пријателки во приватниот живот.
Лејди Гага по успешната глума во две сезони на American Horror Story (AHS: Hotel и новата AHS: Roanoke), повторно ќе соработува со продуцентот Рајан Марфи, кој го потпишува и проектот American Crime Story. Пејачката и актерката не само што физички потсетува на Донатела, туку е блиска пријателка со дизајнерката. Често се појавуваат заедно на црвениот килим, Донатела ја ангажира Лејди Гага како заштитно лице на „Версаче“ за кампањата за пролет-лето 2014, а Лејди Гага пак ѝ ја посвети песната Donatella на нејзиниот албум Аrtpop.
Третата сезона на серијалот за вистинити американски криминалистички приказни (првата сезона беше за судењето на О.Џ. Симпсон обвинет за убиствата на неговата поранешна сопруга и на нејзиниот пријател), ќе го обработува убиството на Џани Версаче пред неговата куќа во Мајами во 1987 година од страна на Ендрју Кунанан. Џани беше застрелан од страна на серискиот убиец Кунанан, кој изврши самоубиство една недела подоцна. Сè уште е нејасно зошто Кунанан го таргерирал Версаче како дел од неговиот тримесечен убиствен поход, веројатно ова ќе се истражува во третата сезона на серијалот.
Нема коментари