Во недела на 7 јуни во Младински културен центар се случува петтото издание на фестивалот Здраво млади, со програма со 14 музички изведувачи од 7 земји, распоредени на 3 бини кои ќе гравитираат околу МКЦ. Почетокот е закажан за 12 часот, а распоредот на бендовите оди вака:
12:00 Lepi Xhoni
12:40 Surtukler
13:20 RIB
14:10 TI
15:10 Conquering Lion
16:00-19:00 DJ Moodswinger & KIR (special +++ event)
19:00 Vlasta Popic
19:50 Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp
21:00 Artan Lili
22:00 METZ
23:00 Prinzhorn Dance School
00:10 Bernays Propaganda
01:10 Gonjasufi
Во рамките на фестивалот организирана е програма во во Детскиот креативен центар при МКЦ, неколку штандови за храна и пијалоци, штандови за плочи и разен merchandise, како и стандардниот Здраво Млади merchandise со беџови и фестивалски маички. Ден пред фестивалот, на 6 јуни, во 18 часот е закажана дебатата „Музиката и медиумите“.
Нема коментари