На првиот ден на пролетта, 21 март, во скопското кафуле „Љубов“ ќе се одржи третиот еднодневен базар на модни додатоци и украси за домот. Настанот наречен Љубовен базар се одржува под мотото „поддршка за уметникот“ (#SupportТheАrtist). Посетителите од 12 до 18 часот ќе може да погледнат и набават уникатни модни додатоци и разни други украси изработени од глина, дрво, кожа, метал и керамика.
Меѓу учесниците се Карло Хорват кој ќе понуди кожни торби, бакарен и steampunk накит и часовници Project Time, Глигор Кузмановски -познат по својот накит од дрво, Нина Симовска, која стои зад брендот Just Because, Анета Димитриевска – филигран (Anechi’s Atelier), Бојан и Кристина Андонови – накит од фимо глина, Сузана Јовчевска – Лума, рачно цртано стакло, накит, украсни предмети, оргонит, Наде Димушевска – дизајн на шолји, Ана Ромо Димитровска – макраме, Марина Зоксимовска – рачно цртани торби од платно, и Марија и Мартина Спасовски – (M&M Art) – рачно изработени декоративни свеќи.
За да го надополнат уживањето, во приказната тимот на „Љубов“ ќе вметне и одличен музички избор и Aperol Spritz по промотивна цена од 120 ден.
Нема коментари