Следната среда, на 26 ноември, со почеток од 12 часот, во центарот „Форца“ во Скопје ќе се одржи интерактивен форум за модерен општествен развој во организација на Honeybizz и Triple S, а целта на настанот е да поттикне свесност и да креира конструктивен и интерактивен дијалог за работи поврзани со економскиот и социјалниот развој во општеството. Настанот е поделен да три темасти цели – бизнис, иновации и претприемништво, а според програмата ќе учествуваат познати жени претприемачи, професионалци во областа на менаџерството, новинарството, психилогијата, корпоративните комуникации, социјално претприемништво, театар… Форумот подразбира и неколку модни теми како ревија на дизајнерката Олгица Ѓоргиева и интерактивна работилница на Stylist.mk на која ќе се зборува за моќта на деловниот дрес-код и важноста на имиџот во бизнис-сферата. Влезот е слободен, а повеќе информации на овој линк.
Нема коментари