„Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино“. Веројатно ова ви е добро позната реченица, благодарение на многуте американски филмови и серии. Станува збор за строфа што се спомнува традиционално на венчавките, а се однесува на детали што невестата треба да ги носи на својата свадба за среќа. Суеверие или не, стихот со „нешто сино“ стана своевидна модна референца за must have сините чевли, особено откако Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер),од сега веќе култниот серијал „Сексот и градот“, носше сини високи потпетици со потпис на Маноло Бланик кога ја круниса својата љубов со Ѕверката (Крис Нот).
Неколку години подоцна, (т.е. пред два месеца) овој модел со истата индиго-сина нијанса беше изборот и на изненадната венчавка на новата модна икона, Оливија Палермо.
Оригиналниот сатенски модел со украсна тока на врвот според кажувањето на Бредшо чинел 545 долари, но кога ваквиот пар се најде во продажба, достигна цена од 965 долари, и само мал број на девојки можеа да си дозволат да ги набават. Следуваа низа повеќе или помалку успешни обиди на некои модни куќи да направат копии, по порифатлива цена. Досега на пазарот се најде моделот „Кери“ со потпис на Одри Брук, по цена од 70 долари, на Нина Боник Бакли за 70 долари,Shiekh Mitzy Hachi-200 за 99 долари, на Мартинез Валеро „Зенит“ по цена од 40 долари.
Сите се слични, но не идентични, а се разликуваат по токата и по врвот, а некои и по нијансат. Дел се и со отворен дел кај прстите. Но ја задтжале елегнатната „пепелаѓка“ нота што ја има оригиналот. Од неодамна сите девојки и идни невести, што сакаат да изгледаат урбано, модерно и не толку класично на својата свадба, може да го набават речиси идентичниот модел од производителот Dune за само 89 долари.
Нема коментари