Последната тематска вечера и кулинарска работилница за оваа сесозна, се затвора со италијанската кујна за млади професионалци. Вечерва во „Јавна соба“, со почеток во 20 часот, на репертоар е уште едно ново кулинарско дружење и учење за сите љубители на добра храна. Марк де Јонг ќе приготвува три вида на паста и една кус – кус салата.
-Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја разскажуваме приказната за одреден регион или земја. Денес ќе приготвувам три вида на италијанска паста благодарение на Дивела и Мегле. Заедно ќе уживаме со сите сетила – вели Марк де Јонг.
Влезот на работилницата е слободен за сите заинтересирани кои сакаат да научат да готват добра и вкусна храна, причината е развивање на програмата за здраво и добро хранење наменето за млади професионалци кои се посветени на кариерата и немаат повеќе од 30 минути време и трпение да зготвар добра, здрава и вкусна храна.
Со серијата на кулинарски настани, тематски вечери и работилници, „Јавна соба“ ја презентира јавно програмата за гастрономско продуховување. Кулинарските вештини ги презнетираа неколку гастрономи од земјата и станство. Со вечерашното италијанско мени се заокружува програмскиот дел за пролет- лето 2016. Новиот циклус на тематски вечери и работилници продолжува од 1.септември.
Нема коментари