Постојат книги, музики, филмови, поетски стихови, книжевни ликови кои го означуваат нашето културно еволуирање и често ги детерминираат понатамошните интерeси, професијата, луѓето за дружба. А некогаш дури и знаат да ни го сменат животот. Со новинарката Ивана Тасев разговаравме за нејзините омилени филмски автори, музичките албуми што во моментов ги слуша, кои писатели и уметници ги почитува и за тоа која личност ја смета за модна икона.
>>Најкул личности со кои си правела интервју?
-За дваесет години работа и преку 2000 направени интервјуа, најпредизвикувачки искуства имав со педантно професионални, прецизни, шармантно духовити, продуховени, а над сè, длабоко образувани, интелигентни луѓе. Кој не би посакал вакви соработки?
>>Се сеќаваш на првиот концерт на кој си била?
-Се „рачуна“ „Златно славејче“?
>>А твоја топ-3 листа на концерти одржани кај нас?
-Дејвид Силвијан во октомври 2007 година, „Крафтверк“ во јуни 2005 година и двата концерта на Кимо Похјонен 2002 и 2013 година.
>>Што во моментов слушаш?
-Последниот албум на „Артик манкис“ – „Am“, најновиот на Трики – False idols и по малку од „Чк, чк, чк“ и од „Арт Брут“.
>>Омилени македонски актери?
-Ирена Ристиќ, Салаетин Билал, Оливер Митковски, Јордан Симонов, Ѕвезда Ангеловска, Никола Ристановски, Мето Јовановски, Тони Михајловски, Јосиф Јосифовски, Камка Тоциновски и во последно време Дениз Абдула и Благој Веселинов.
>>Најдобра македонска театарска претстава?
-Има повеќе од постаро време, и само една (до две) од поново.
>>Кои писатели сакаш да ги читаш?
-Милан Кундера, Оскар Вајлд, Данил Хармс, Антон Чехов, Вирџинија Вулф, Владимир Мајаковски, Едгар Алан По, Ј.Ј.Р. Толкин, Вилијам Шекспир, Џејмс Џојс, Алфред Жари, Ирвин Велш, Харолд Пинтер, Том Стопард, Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески…
>>Омилен лик од литературата?
-Фродо Бегингс.
>>Песна што ја знаеш на памет?
-„Before the bullfight“ – D.S.
>>Последна книга од македонски автор на која откачи?
-„Санитарна енигма“ од Јасна Котеска.
>>Омилени уметници?
-Кандински, Шиле, Ротко, Фонтана, Кало, Ривера, Кокошка, Климт, Лемпицка, Родченко, Бројгел, Караваџо, Дирер, Бош, Капур, Бранкуши, Џакомети, Бенкси, Л.Фројд, Кунс, Полок, Бојс, Раушенберг, Пандилов, Личеноски, Ботев, Тошевски, Станковски…
>>Најкул изложбен простор во градот?
-Порано беа „Точка“ и „Прес ту егзит“, денес „Концепт 37“ и МСУ.
>>Слушаш ли радио?
-Сто тројка и Џез ФМ.
>>Класика или електроника?
-Двете…и рокенрол.
>>Листа на најдобри филмови и серии за 2013?
-Blue is the warmest color, Django unchained, Trance, The best offer, Behind the candelabra, Dark Shadows, Blue Jasmine, Only lovers left alive… од серии неприкосновено Breaking bad во срце ми влезе… и не ми излегува, па тоа ти е.
>>Актерка што би те глумела на филм?
-Режисерот нека пресече.
>>Омилен филмски жанр?
-Оние во кои уживам се надвор од линијата на банално жанровско врамување.
>>Филмски автори што најмногу ги цениш?
-Мишел Гондри, Браќата Коен, Тери Гилијам, Дарен Аронофски, Дени Бојл,Пол Томас Андерсон, Џим Џармуш, Стивен Долдри, Вуди Ален, Педро Алмодовар, Алфонсо Куарон, Алејандро Гонзалес.
>>Последно нешто што фотографираше?
-Мојата нова орхидеја.
>> Омилен цитат?
-„Yeah Mr. White! Yeah science!“
>>Најдобри светски музеи кои досега си ги посетила?
-Тејт Модерн и Британски музеј во Лондон, Музејот на Пикасо во Антиб, Музеј куќата на Фрида Кало и Диего Ривера во Мексико Сити, Новата национална галерија за современа уметност во Берлин, Помпиду во Париз, Академија во Фиренца, музејот Кунстхисторишес во Виена…
>>Луксуз е…
-Да бидеш егоистично инфантилен на зрели години, кои од тебе изискуваат голема одговорност кон себе и кон најмилите и секако, визија за иднината. Иако… ова помалку ми личи на луксуз, а повеќе на недозреаност
>>Што е според тебе ступидно?
-Инертни луѓе, кои, само кога чувствуваат завист, прикриен восхит и незатскриена омраза кон некого, добиваат наплив на квази амбиција да се „лактаат“ со замислениот конкурент. А додека се обидуваат патетично да го имитираат својот опонент, мислејќи дека ќе предизвикаат восхит кај некого, не забележуваат дека нивниот живот стагнира на сите нивоа. Залудно и дефокусирано потрошена енергија. До степен на одбивност.
>>Среќна ме прават…
-Веда, Бојана, Алекс, мама и тато, Сандра, Алек, Миро и Огнен, Ненад, Јана, Мира, Марија, Трајко, Данило, Јане и Кика, Бојан, Натка, Ива, Анче, Наташа…
>>Омилен дел од денот?
-Спокојно исполнетите вечери дома во двојка.
>>Вечна инспирација?
-Животот… со сите свои фалинки и предности. Вреди да бидеш амбициозен, чесно да создаваш, да споделуваш, да созреваш, да градиш, не да се гребеш… и да оставаш продуктивни траги зад себе
>>Стилска икона?
-Вкусно облечената жена на црвениот килим – Никол Кидман.
>>Светска дестинација што сакаш да ја посетиш?
-Кој било прозрачен крај со кристално чисто синило би ми годело.
>>Личност што сакаш да ја запознаеш?
-Не успеав. Се нурна во Мисисипи на 29 мај 1997 година, а оттаму не излезе жив.
>>Книга, музички албум и филм што ти го сменија животот?
Албум: „Грејс“ (Grace) од Џеф Бакли, книга: „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд и филм: „Е.Т.“ на Стивен Спилберг
Нема коментари