Еве како изгледа една куќа за одмор на двајца креативци, во случајов дизајнерка и фотограф. Лоцирана во близина на селото Сан Антонио на шпанскиот остров Ибица, оваа куќа е всушност поранешна штала стара 150 години. Сопствениците се дизајнерката на современи теписи Нани Маркита и фотографот Алберт Фонт, кои куќата ја реновирале на начин таа да го задржи стариот шарм, ама и да има модерни елементи. Секако, вметнат е карактеристичниот шпански колорит и шарените дизајнерски килими на Нани. Бидејќи на сончевиот остров Ибица животот се случува и на отворено, куќата има базен и многу катчиња за релаксирање, јадење и дружење.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари