Лоцирана покрај море на балеарскиот остров Менорка, оваа куќа наречена „Бункер“ е проектирана во 70-тите, но е потполно реновирана и прилагодена на модерниот начин на живот. Најубавиот дел од куќата е фактот што се наоѓа буквално покрај море, а за совршен поглед помагаат и големите прозори кои дозволуваат уживање во пределот и кога сте внатре. Во декорот доминира белата боја, која е разиграна со шари и бои, како на украсните перничиња, прекривачите и килимите во етно стил, како и на мебелот и трупците од дрво. Домот е одлично уреден, но кога би биле сопственикот веројатно летните денови би сакале да ги поминете надвор на терасата или на плажата која е на чекор од куќата.
Нема коментари