Судирот на минатото и иднината врз црно-бела основа, е сржта на колекцијата за пролет 2015, што брендот на славниот македонски дизајнер Марјан Пејоски, KTZ (Kokon to Zai ), ја претстави вчера на Модната недела во Лондон. Моделите се продолжување на тенденцијата на нашиот креатор, што живее и работи во Лондон, на симболите од историјата, антиката и племенските шари да им даде нова интерпретација во модели со футуристички форми. Линијата очигледно ги одушеви присутните на ревијата, кои го преплавија „Инстаграм“ со детали од моделите. Иако кога ќе се каже детаљ се мисли на нешто мало, а суштинско, во колекциите на Пејоски, обично тоа се големи ознаки, шари, принтови и амблеми. Во последната линија си „игра“ со профили од антиката, сцени од митолошки приказни, кои се надополнети со капи кои потсетуваат на традиционалните јапонски шапки. Сета таа мешавина, ја зачинува и со златни елементи и принтови, а употребени се и комплекни текстури, налик на змиска кожа, како и трансперентни делови, од кои како изрезбани се појавуваат силуети од митски борби и слоганот, The World to Come. Застапени се повеќе веријанти на малиот црн фустан, со впешатливи бели принтови со викторијански рамки, палта со нагласени, балон ракави, креации со лелеави краеви, но и такви со постриг крој, извлечен од стандарите на машката мода (А.Н.)
Нема коментари