Едноличноста на сивата, црната, кремастата и кафената, кои се најчестите бои бирани за зимските јакни, капути и бунди, оваа зима може да ја разиграте со мали но ефективни колоритни додатоци. Станува збор за топчиња во најзралични бои направени од вештачко крзно, кои пред неколку сезони ги видовме како украс за чантите на брендот „Фенди“. Оваа зима добија поширока примена и кај брендовите за секојдневна мода. Може да ги носите како украс на вашите чанти, на реверите на палтата, на коланите, на облеката, чевлите и чизмите. Сезонава доста се актуелни и плетените капи со точиња во разична боја.
Нема коментари