Познато е дека во зимските месеци бираме облека која добро нè грее, кога температурата паѓа растат слоевите облека и особено топлите јакни и палта. Покрај дебелите капути и пердувестите јакни, бундите од крзно се уште едно парче облека кое одлично нè загрева во зима. Подолги како капут или пократки како јакна, изборот е ваш. Топлат и се мошне меки, удобни и секако практични. Бундите секогаш биле дел од зимската гардероба, но во последно време тоа се еко-варијанти, бидејќи бундите од вистинско крзно одамна излегоа од мода, а клучните модни куќи сосема ги исклучија од своите колекции.
Нема коментари