Познатиот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан подготви мини колекција во соработка со франшизата Star Wars („Војна на ѕвездите“), токму во деновите пред премиерата на новото продолжение „Последниот Џедај“. Лубутан креира четири модели на чевли, по еден посветен на женски лик од филмот, еден модел е за Реј, која ја глуми Дејзи Ридли, потоа има креации за адмиралката Амилин Холдо (Лора Дерн), Капетан Фазма (Гвендолин Кристи) и за Роуз Тико (Кели Мари Трен). Чевлите не се пуштени во регуларна продажба, туку ќе бидат ставени на аукција, а дел од собраните пари ќе бидат пренаменети за децата преку соработката меѓу Star Wars: Force for Change и Starlight Children’s Foundation.
Нема коментари