Супермоделката Кристи Тарлингтон е заштитно лице на кампањата на рестартираната модна куќа што го носи името на Џон Галијано, првата кампања со новиот концепт кој значи на транцизија во премиум современа модна линија за која креира Бил Гејтен, поранешен соработник на Галијано од времето кога и двајцата работеа за „Диор“. Кампањата е направена во Њујорк со фотографското дуо Инез ван Ламсверде и Винод Матадин, а на првиот визуел ја гледаме Тарлингтон во драпирана креација од свилен жоржет, што означува нова естетика за куќата, толку поразлична од драматичната и скоро готска на основачот Галијано.
„Во време кога толку многу се чувствува ефемерното, Кристи е олицетворение на непроменлив и вечен стил. Она што ме импресионира најмногу на оваа фотографија е како Инес и Винод успеале да ја „фатат“ нејзината грациозност, додека во исто време алудираат на смелост која е во сржта на овој бренд“, смета Гејтен за новиот визуелен идентитет на куќата Џон Галијано.
Но, модната куќа што го носи името на Џон Галијано денес повеќе не е во негови раце, а дизајнерот Галијано некоку години наназад се обидува да го подобри имиџот по професионалниот дебакл кој произлезе од неговото недолично однесува во јавноста и отказот во модната куќа „Диор“. Галијано сега креира на модната куќа на Мартин Марџела. (К.Т:)
Нема коментари