Во ерата на супермоделите овие две дами беа најдобри пријателки и заедно се појавија во безброј рекламни кампањи и во модни едиторијали. Да се потсетиме на оваа фотосесија за модната куќа „Шанел“ за кампањата за пролет-лето 1991 година, во која позираат токму Кристи и Линда, оригиналните и најомилените супермодели дури и денес. Фотографиите се на дизајнерот Карл Лагерфелд, кој уште тогаш ја почна традицијата сам да ги фотографира своите рекламни кампањи, а на нив ги гледаме Кристи и Линда со кратки коси, облечени во креации во интензивни бои, шик црни фустани и класични црно-бели шанел-сакоа.
Нема коментари