Крзно, реси, јакни во вестерн-стил, чепкалка во уста, малку нејасни фотографии и безизразниот лик на Кристен Стјуарт, тоа е прво што се забелеѓува на новата рекламна кампања на „Шанел“. Минатиот декември Карл Лагерфелд најави дека токму оваа актерка ќе биде заштитно лице на ресорт колекцијата „Париз Далас“ на Шанел, а еве ги и фотографиите што, се разбира, тој ги направи. Всушност, првите фотографии се преземени од „Инстаграм“ профилот garcon-cnanel, за многу кратко време станаа хит на оваа социјална мрежа, но веднаш потоа беа отсранети, дали затоа што не се доработени или затоа што официјално треба да се појават дури во мај, ќе дознаеме наскоро.
Нема коментари