На последната ревија за колекцијата на висока мода на „Шанел“, Карл Лагерфелд предложи патики, најнеочекуваните обувки кога се мисли на луксузна мода. А со тоа актерката Кристен Стјуарт конечно има избор за удобни обувки на црвениот килим! Таа е позната по тоа што на важни настани едвај чека да се ослободи од чевлите со високи потпетици и да обуе патики, па не изненаува што е една од првите холивудски ѕвезди што ги прошета Шанеловите патики на црвениот килим. Кристен на свечената вечера во Кан, што се одржа по премиерата Clouds of Sils Maria, се појави токму во бели патики со светки и комбинезон исто така украсен со светки од кутур-колекцијата на „Шанел“.
Нема коментари