Откако се појави во пролетната кампања за чантите на „Шанел“, актерката Кристен Стјуарт позира во реклама за новите очила на брендот. Таа застана пред фотообјективот на главниот дизајнер на модната куќа, Карл Лагерфелд. На црно-белите фотографии Кристен е со урбано потстрижена фризура, која одлично одговара на моделите на очила -за сонце и за со диоптер што ги носи, наменети за пролет-лето 2015. Во раце има винтиџ фотоапарат.
Нема коментари