Актерот од филмскиот серијал „Ѕвездени патеки“, Крис Пајн, е именуван за заштитно лице на најпродаваниот парфем на „Армани“, Armani Code. Тој ќе се појави во пролетната кампања за познатиот машки мирис. Деновиве беше пуштена и првата фотографија од рекламата, што наиде на позитивни реакции, со оглед на тоа што Крис Пајн важи за еден од најатрактивните млади актери.
-Крис е совршен избор бидејќи поседува сè што претставува брендот „Армани“: силна харизма и природна, кежуал-елеганција. Несомнено и неговиот голем актерски талент, како и русата коса, дрската иронија на сетот, допринесоа неговиот магнетски шарм да биде совршен избор за промоцијата на нашиот парфем-се вели во соопштението од брендот.
Пред Крис овој парфем го промовираа Дејвид Бекам, Рафаел Надал и Кристијано Роналдо. За промотивното снимање стајлингот на Пајн го направи холивудскиот тандем Венди и Никол Ферер.
Нема коментари