Поранешната девојка на британскиот принц Хари, Кресида Бонас, е заштитно лице на новата кампања на брендот Mulberry. Изборот на Бонас за амбасадорка на брендот доаѓа откако таа учествуваше во промотивниот дигитален проект на етикетата, во кое беа претставени различни таленти од областа на модата, филмот, театарот, дизајнот, уметноста и технологијата.
Кресида, која по професија е танчарка, позира во креациите за пролет-лето 2015 пред фотообјективот на Роберт Ферер. Сесијата е снимена во стара куќа во центарот на Лондон.
Нема коментари