Погоден за оние што избегнуваат млечни производи и глутен, овој рецепт за чоколаден пудинг со авокадо е здрава опција за десерт. Лесно се подготвува и потребни ви се следниве состојки:
1 зрело авокадо
4 лажици какао во прав
¼ шолја мед или агаве сируп
½ лажичка ванила во прав
2 лажици вода
Состојките се ставаат во блендер и се микса додека не се добие мазна текстура. Пудингот послужете го во проѕирни украсни чаши и украсете по избор со малини, бадеми, кокос, ф’стаци и со ливчиња свежо нане.
Нема коментари