Десетина дена откако популарната социјална мрежа за споделување фотографии Инстаграм го промени своето препознатливо лого, не стивнуваат реакциите. Поголемиот дел од коментарите се негодувачки, и се потсмеваат со аматерскиот и лесно изводлив имиџ на новото лого, наспроти глобално препознатливото претходно ретро-решение. Голем број на уметници дадоа свои артистички решенија за тоа како треба да изгледа иконата. Под хаштагот #Myinstagramlogo корисниците на оваа мрежа споделуваат свои креативни идеи, кои ги надминуваат класичните уметнички форми. Интересните фотографии се со сетови од цветови, играчки, шолји за кафе, и разни детали кои прават целина налик логото на Инстаграм. Ви претставуваме мала селекција од неколку интересни предлози објавени деновиве.
Нема коментари