Дизајнерите на современ накит Глигор Кузмановски и Ања Илиева ќе одржат перформанс на 18 февруари (недела) во т.н. Мобилна / Монтажна галерија во Скопје. На настанот во организација на „Креативни викенди“, од 18 до 21 часот, посетителите ќе може ги проследат дизајнерите како на лице место креираат нови парчиња накит. Исто така Јован Ламбевски ќе ја презентира и новата сезона на „Креативни викенди“ за 2018 година.
-Секој што е љубопитен како од парче дрво се креира накит, секој што сака да научи нешто повеќе, што сака да праша нешто, дури и да се вклучи во самиот процес е добредојден-вели Кузмановски, кој е еден од водечките современи македонски дизајнери на накит, чија специјалност се креациите од дрво.
Ања Илиева, која стои зад брендот Anja Moon, најчесто изработува модерни парчиња накит од сребро.
Нема коментари