Дизајнерката Тања Кокев најави пласирање на својот бренд „Кокев“ и надвор од гранците на Македонија, Србија е една од првите модни дестинации. Од пред неколку месеци креациите и венчалните фустани на Кокев може да се најдат во ателјето Amo Lusso на блогерката Лили Митровиќ во Белград, дизајнерката веќе се претстави на тамошен саем за венчаници, а најново е насловната страница на српското списание специјализирано за венчавки Reci da. На насловната позира Лили Митровиќ која се појавува и во фотосесија со модели од „Кокев“ на внатрешните страници, а фотографиите се дело на Ани и Дими.
Нема коментари