Новиот дизајнер на модната куќа „Баленсијага“, Демна Гвасалија и брендот што самиот го основа Vêtements веќе некое време се омилени меѓу модниот свет. Неговите креации за Vêtements се често видени на фотогафиите на улична мода, а во дуксер на брендот се фатени Канје Вест и Ријана. За време на последните модни недели уредничките и модните консултанки како Јасмин Сјувел и Гилда Амбросио се забележани во цветен фустан со црвен детаљ од есенската на брендот, омилени се разните модели фармерки и нив ги носи Џулија Сар-Жамоа, а се претпоставува дека ќе бидат фаворизирани и моделите од неговата последна колекција. Демна веќе е омилен кај дел од модниот свет, останува да видиме дали ќе добие позитибни критики во светот на луксузната мода по претставувањето на првата колеција на „Баленсијата“ во март следната година.
Нема коментари