Листајќи го априлскиот број на српски Ellе, кој во моментов е во продажба кај нас, наидовме на едиторијал во кој се претставени креации од македонската дизајнерка Александра Митковска. Станува збор за два модела: палто и фустан, кои се вметнати во стајлинзите од фотосесијата насловена како „Танц под сонцето“ (Ples pod suncem).
Манекенката Марина Кртиниќ на една од фотографиите носи бело-портокалово палто од продолжението на колекцијата есен-зима 2013-2014 на Митковска. Комбинирано е со фустан од тантела од Тамара Јариќ и чевли од „Марни“.
Втората креација е асиметричен фустан во розово-бела боја со колан околу врат и на половина. Моделот е комбиниран со плисе-здолниште од „Хуго Бос“. Фотографиите ги направи Браца Надеждиќ, а стајлингот е на Ненад Јањатовиќ. За шминка се погрижи Мила Абрамовиќ, а за фризурата Ѓурѓица Ивановиќ. Една од фотографиите од едиторијалот ја краси и насловната страница на Elle.
Нема коментари