Најголемата австралиска стоковна куќа Myer организира свечена ревија и вечера за избрани гости во необична хала во склоп на резерватот Barangaroo во Сиднеј на која беа претставени и креации на познатиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. Креаторот кој важи за еден од најдобрите и најуспешните австралиски дизајнери ги облече супермоделот Шанина Шајк и популарната Џенифер Хокинс, заштитно лице на Myer. На ревијата со која стоковната куќа ги најавува трендовите за тамошната сезона есен 2016, беа претставени и други колекции на австралиски креатори и светски брендови, како Алекс Пери, Sass&Bide, Џорџија Алис, Питер Пилото, Aje, White Suade „Балман“, но најголемо внимание привлекоа оние на Матичевски.
Нема коментари