Белгискиот дизајнер Дрис Ван Нотен вчера го прослави роденденот со лансирањето на краткиот уметнички филм High Tide во режија на Алберт Моја, а во кој се прикажува колекцијата за пролет-лето 2015. Филмот се фокусира на најважните прашања за животот и смртта. Според режисерот како метафора на воскресението и враќањето кон светлината, овој филм е посвета на духот на модата, она ново будење во нешто ново по самракот на минатите денови.
Нема коментари