Визуелно впечатлив и во режија на Винсент Хејкок, краткиот филм „Одисеја“ (The Odyssey) ги претставува песните од последниот албум на групата Florence and the Machine наречен How Big, How Blue, How Beautiful. Пејачката на бендот Флоренс Велч и режисерот долго разговарале за тоа што ќе содржи филмот во кој може да се слушнат What Kind of Man, St. Jude, Delilah, Ship to Wreck и Queen of Peace.
-„Одисеја“, како и епската поема од Хомер, е патување. Филмот го претставува личното патување на Флоренс да се пронајде себеси повторно по емоционалната бура по едно раскинување. Како слоевите од чистилиштето на Данте, секоја песна или поглавје ја претставува битката низ која Флоренс поминува и физичките пејзажи отелотворени во секоја песна или приказна. Тоа е метафорично патување за бегство од демоните, со кои се соочува и враќање оригиналната Флоренс, танчерката, изведувачот, љубовницата – објаснува режисерот Хејкок.
Филмот се затвора со новиот сингл Third Eye.
Нема коментари