Брендот за спортска облека „Адидас“ се здружи со познатата перформанс-уметница Марина Абрамовиќ за краток филм кој го слави Светското првенство во фудбал. Инспирацијата е преземена од перформанс делото на Арамовиќ од 1978 година, Work Relation (Работен однос), а во новото видео три различни модели пренесуваат камења од едниот до другиот крај на просторијата. Во истражувањето на тимската работа преку овие модели, видеото го поврзува уметничкото дело со фудбалот, како и партнерството на „Адидас“ со Светскиот куп на ФИФА во Бразил.
„Една сличност помеѓу перформансот и спортот што сакав да ја истакнам во ова видео е важноста од групна соработка. Кога со Улај првично го изведовме делото „Работен однос“ во 1978 година, моќта на колективна сила дојде преку перформансот. Верувам дека е важно да се научат други дисциплини со цел да се внесе нов живот во она што го правите. Оваа идеја е нешто во срцето на мојот институт, MAI, и нешто што го почувствував дека е важно да се пренесе во ова видео, кое само по себе е заеднички проект“, објаснува Абрамовиќ.
Нема коментари