Кејт Мидлтон, Војвотката од Кембриџ, не е единствена дама од кралските семејства што избира да носи креации од популарните high street брендови, како „Зара“, H&М, „Топшоп“, „Манго“… И Кралицата Летиција од Шпанија досега повеќепати покажа дека модните парчиња кои можеме сите да си ги дозволиме, може да се носат и во кралски палати и на престижни свечености.
Покрај тоа што редовно носи креации од шпанскиот бренд „Зара“, во неколку наврати на јавни настани стајлингот го заокружи со модни додатоци од португалскиот бренд Parfois. Од модната етикета специјализирана за модни додатоци, која има продажба и во Скопје, на посета на Португалија пред неколку месеци носеше сиво-црна чанта со патенти и долги црни обетки од колекциите на Parfois. Станува збор за понеформален стајлинг, кој вклучуваше и војничко палто од „Зара“ и панталони од Boss.
На неодамнешниот бал на странските амбасадори во кралската палата во Мардрид, Кралицата Летиција својот темноцрвен елегантен фустан го дополни со црвено-црни обетки со кристали, исто така од Parfois. Тие одлично се вклопија во дискретниот свечен изглед, кој го негува сопругата на Кралот на Шпанија.
Нема коментари