Преминот од летна во зимска модна сезона најчесто почнува со слоевито облекување. Желбата да им се даде шанса на летните модели и во периодот после одморите ја поттикнува креативноста и практичноста. Па така често летните фустани, комбинезони, копулки и долништа стануваат база која ѕирка под топлите џемпери, палта, панталони…Едно од парчињата кое го носевме изминатите неколку месеци-комбинезонот со долги ракави и со принт, лесно може да се странформира во идеален модел за преодниот перидо и за на есен. Транзицијата почнува со поромената на обувките, од сандали во чевли со високи потпетици, патики, балетанки и џизни. Продолжува со горниот дел со додавање на еднобојна кошула, блејзер во пастелна боја или палто. Тука се и марамите и впелачтливите колани, кои исто така го збогатуваат изгледот.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари