По шпекулациите изминатиот период, Марк Џејкобс конечно потврди дека брендот Marc by Marc Jacobs ќе престане да постои. Според модните сајтови, етикетата ќе се спои со првата линија на славниот дизајнер. Веста за спојувањето на двете линии е позитивна за купувачите, кои сега ќе имаат на располагање повеќе артикли за пониска цена, но не се знае дали тоа е добро за креативниот тим што работеше во втората етикета. Имено, сè уште е неизвесна судбината на двете креативни директорки и дизајнерки на Marc by Marc Jacobs, Луела Бартли и Кејти Хилиер. Исто така не е објаснето што ќе биде и со екипата што работеше во продажните места во Лондон, Лос Анџелес и Њујорк и дали тие места ќе бидат затворени.
Брендот Marc by Marc Jacobs е основан пред 14 години, како посебна линија што се обраќа на помладите, модерни клиенти и е со пониски цени.
-Навистина уживав во последните неколку сезонски шоуа на Marc by Marc Jacobs, кои беа младешки, кул и напредни. Но мислам дека се расплинуваме со претставување на две различни колекции со две различни пораки – изјави Марк Џејкобс за WWD.
Нема коментари