Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават на 12. издание на „КрафтАРТ Фест“, што на 13 декември ќе се одржи во хотелот „Арка“ ( 7 кат) во срцето на Старата скопска чаршија. На еднодневниот настан, кој се одржува традиционално пред новогодишните празници, ќе бидат претставени уникатни рачно направени производи и додатоци.
Продажната изложба ќе биде отворенa во 10 часот и ќе трае до 20. Посетителите на фестивалот на уметнички занаети ќе можат да најдат традиционални и современи македонски, рачно изработени предмети како керамика, накит, бакарни производи, топлинки, честитки, чанти и модни додатоци. Овој настан ги претставува уникатните македонски рачно изработени производи пред широката публика и истовремено создава приход за ракотворците.
Продажната изложба на уметнички занаети е организирна од страна на МАТА (Македонска Артисанска Tрговска Организација) и хотелот „Арка“, а е подржана од Министерството за Култура на РМ.
Нема коментари