Црната моторџиска кожна јакна со крзно на „Зара“ е омилена меѓу трендсетерките на „Инстаграм“ и останатите социјални мрежи каде што се споделуваат фотографии за секојдневни стајлинзи. Моделот од линијата есен-зима 2016/17 на популарниот high street бренд е идеален за студените денови. Покрај кул и стајлиш изгледот, таа е топла, благодарение на крзнениот дел, а лесна е и за комбинирање. Трендсетерките ја носат со фармерки во различни стилови и нијанси, од црни припиени за телото, преку исечен модел, до широки излитени со ретро-крој во комбинација со ролки, блузони, џемпери или бели едноставни маички. Може да се комбинира и со трендовски фустани и туники со цветни везови или со пателни плетени креации. Одлично одговара со високи чизми, со моторџиски модели до глужд или со патики.
Нема коментари