Комбинацијата на плетиво и кожа е една од оние што не ја практикуваме често поради навидум неспоивоста на материјалите, но е секогаш интригантна и отвора простор за нови модни равенки. Шик комбинацијата од кожени панталони и плетен џемпер што ја предлагаме може да се носи во зима, но е погодна и за транзицискиот период од зима во пролет, доколку се носат покуси панталони и потенок џемпер/ролка. Всушност, идејата е да се одберат пошироки панталони со килот-крој или во вид на тренерки, кои се малку поинакви од рокерските тесни кожени панталони, со цел да се постигне нов сосема изглед. Понатаму оваа комбинација може да се носи со омилените чизми до глужд, ама и со патики, а функционира со различни видови капути и јакни.
Нема коментари