Деновиве се одржа доделувањето на наградите на Здружението на филмски актери (SAG), погледите повторно ни беа вперени кон црвениот килим, се развија дискусии кој беше најдобро облечен, а кој ја утна комбинацијата, ама една актерка се покажа како најкул благодарение на својот моден избор – фантастичната 82 годишна Рита Морено наградата за животно дело ја прими облечена во долг фустан со цветен мотив и КОЖЕНА ЈАКНА со нитни од Ерве Леже! Ако може Рита, можете и вие да изберете шизичка јакна и да ја носите во свечена пригода. Еве неколку примери како да ја комбинирате моторџиската јакан со вечерни парчиња облека.
Нема коментари