Нежни, романтични сослободен дух се новите креации за сезоната пролет-лето 2014 на турскиот бренд „Котон“. Моделите во лукбукот ги носи манекенката Каша Страс. Фотографиите ги сними Емра Доргу а стајлингот е на Бахар Конгел, што направи носиви комбинации од растресити блузи со фолкорен принт, мини-здолништа и тесни фустани со флорални и животински шари. Тука се и плетените модели и креациите порабени со тантела.
Нема коментари