Во деталите и малите трикови се кријат големи модни идеи. Еден од најдобрите, минимални, а секогаш ефективни и симпатични потези е врзаниот јазол кај кошулите или блузите. Тој ја зголемува модната имагинација и разгираност на стајлингот. Тоа е невидлив моден додаток, кој секогаш функционира совршено во лежерните летни комбинации.
Модните блогерки, влијателните девојки на Инстаграм и Пинтрест, но и славните актерки и манекенки најчесто носат врзани кошули: класични бели, со сини пруги, од светол џинс или со некој дезен. Тие што преферираат кежуал стил најмногу ја комбинираат со џинс (шорцеви, здолниште или исечени фармерки). Поелегантните варијанти, пак, се со хеланки или еднобојни панталони или со впечатливи миди и мини здолништа со принт. Ова лето долгите кошули врзани во јазол може да послужат како одлична наметка за на плажа.
Памучните блузи по кратки ракави со јазол исто така одлично одговараат со фармерки и шорцеви. Препознавајќи го овој тренд, повеќе модни брендови за секојдневна мода во своите летни колекции понудија кошули, кимона и маички специјално наменети за врзување.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари