Период меѓу две сезони за многумина е сложен моден предизвик. Често прашање е – Што да се облече во преодните месеци? Веројатно повеќето се двоумат дали во посвежите августовски и септемвриски денови да продолжат со летните стајлинзи, дополнети со некое топло парче, или да се префрлат на т.н. есенска гардероба? Клучно е при изборот на облека за оваа фаза е таа да биде прилагодлива и лесна за комбинирањеи во летни и во есенски стајлинзи. Затоа најдобро е да се инвестира во безвременски модели, кои не излегуваат од мода, како: здолниште во стилот на 50-тите, тричетврт панталони со дискретен дезен, коктел фустан во смирен тон, кошула-фустан, или модел од џинс.
Еден од најголемите трендови изминатото лето, е токму кошулата-фустан со риги – кој е совршен избор за оваа сезона, и гледано долгорочно добра инвестиција за следните меѓупериоди. Летово доста се носеше моделот со бело-црвени риги, кој сега добива и верзиии и во темносина, темнозелена, црна и светлосина варијанта. Може да се носи како главно парче со сандали, влечки, чевли со високи потпетици, балетанки, патики, па друри и чизми.
Може да се направи бизнис комбинација со еднобојно палто, романтична дневна варијанта со блејзер, или пак кул спој со џинс, односно кожна јакна. Може да се носи и како наметка, кимоно или горен дел, врз блуза по кратки ракави со принт, ролка, хеланки, фармерки, долги широки панталони, еднобојни или со сроден принт, па дури и врз долг фустан или здолниште. Го има по кратки или долги ракави, со класичен крој или со нагласени рамена. Најчесто се на копчиња и со колан околу појасот. Повеќето се струкирани во стилот на фустаните од 50-тите, но има и прави и балонести модели. Должината варира од под колена, па се до глужд. Ова идеално меѓусезонско парче може да го најдете во актуелните понуди на омилените брендови за секојдневна мода: „Зара“, „Манго“, „Страдивариус“, Pull&Bear, „Бершка“ и други.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари