Костимите за капење на брендот Marysia летово доминираат на социјалните мрежи. Инстаграм-ѕвезди и блогерки како Ејми Сонг, Негин Мирсалехи, Крисел Лим, како и моделот Бар Рафаели, објавија фотографии со својот фаворит од понудата на брендот зад кој стои Марисија Добрзанска Ривс. Овие костими за капење се разликуваат од другите по заоблените брановити краеви, налик на крупна тантела. Најмногу се носат дизајните во црна, бела, црвена, кремаста и шеќено розова боја. Застапени се целосни модели што завршуваат околу вратот и се до гол грб, комплет од килотки и горен спортски дел, како и класични бикини, со брановити краеви. Дел од моделите се налик на корсети, со врвци во предниот дел, што се јавува и кај долниот дел.
Нема коментари