Обоете ги есенските денови со облека во интензивни нијанси
Женските костуми со панталони се голем тренд последниве сезони. Костимот е безвременска класика, дел од деловното облекување, а во последно време доби модерна преобразба и доминира и во уличната мода. Но, наместо во вообичаените и неутрални тонови како црна, сива, беж, бела, ѕвездите на уличната мода носат костими во интензивни бои – во жолта, виолетова, во повеќе сини и зелени тонови.
Нема коментари