Миеењето на рацете, дезинфекцијата на работните површини, носењето маски станаа дел од нашето секојдневие. Сепак, експертите предупредуваат дека има едно нешто што сите го носиме, а можеби не треба доколку сакаме да се заштитите од Ковид-19.
Се работи за накитот кој го спречува ефикасното миење на рацете и дезинфекција, клучно за заштита во време на коронавирус. Првенствено, ова се однесува на прстените, нараквиците и часовнците, како и на долгите нокти.
Поточно, една студија спроведена на Универзитетот во Џорија открила дека луѓето што носат накит не можат да ја одржат хигиената доволно добро затоа што кожата под накитот останала заштитена од дезинфекција и станала идеално место за развој на бактерии. Покрај тоа, утврдено е дека луѓето кои не носат прстени, мијат раце подобро од оние што го носат овој накит. Дезинфекцијата е исто така помалку ефикасна поради накитот.
Претходните истражувања покажаа дека луѓето што носат прстени, откако употребуваат средства за дезинфекција, имаат повеќе бактерии на своите раце отколку оние без накит. Но, треба да се запомни дека не е доволно да се отстрани накитот за време на миењето на рацете и дезинфекцијата.
Ако вашиот накит е заразен со бактерии и вие само го враќате откако ќе ги измиете рацете, вашите раце повторно ќе бидат заразени. Ако не сакате да го дезинфицирате вашиот накит, тогаш не треба да го вадите, па повторно да го враќате.
Меѓутоа, ако не сакате да го тргнете вашиот накит, експертите препорачуваат да го измиете накитот со сапун и топла вода за да бидете сигурни дека сте го дезинфицирале со сите бактерии. Немојте да го миете со средство за дезинфекција, бидејќи тоа ќе го уништи.
Нема коментари