Веројатно се сеќавате на техниката „печење” (baking) која што професионалните шминкери, бјути блогерите, но и девојките вљубенички во шминкање почнаа масовно да ја користат минатата година. Целта е да се фиксира шминката – се нанесува коректор во делот под очите во вид на тријаголник, (и на други места како врвот на ност, брадата, помеѓу веѓите), кој потоа се фиксира со дебел слој на пудра во прав. Таа се остава подолго време додека топлината на кожата не ја фиксира шминката, а потоа нежно се отстранува вишокот пудра со помош на четка.
Но, сега од Кореја ни доаѓа нова make up техника наречена jamsu, која на прва ќе ви се чини сосема необична и е сосема спротивна на досегашниот начин на шминкање. Наместо топлината на образите, корејските шминкери предлагаат ладна вода.
Поконкретно, откако ќе нанесете коректор, течна пудра и пудра во прав, треба буквално да се нурнете во ладна вода. Потребно е лицето да остане потопено во вода 30 секунди, а потоа нежно со крпа да се отстрани вишокот на влага од лицето. Шминкерите што ја пробале оваа необична техника тврдат дека ладната вода ја „замрзнува“ односно фиксира шминката, создава мат ефект на кожата, а лицето изгледа свежо и природно без никакви видливи траги од прудрата во прав.
Нема коментари