Се сеќавате ли на малата Французинка, која на 10 години позираше за фотосесии, нашминкана и дотерана, налик на Брижит Бардо? Три години подоцна ја нарекуваат новата Кејт Мос, и е голема манекенка надеж. Но Тајлен Лена-Роуз Блонду уште од своето прво појавување во јавноста предизвикува контроверзии. Некои се одушевуваат на нејзината убавина и професионалност со кои работи како модел, но повеќето се прашуваат каква е совеста на нејзините родители и дали модната индустрија отиде предалеку? Таа иако сè уште не беше тинејџерка, неколку пати се појави во Vogue Paris. Тајлен Блонд ќе ја краси наслоната страница во априлското издание на магазинот Jalouse. Но и ова е контроверзно, со оглед на тоа што мало девојче во улога на модел се појавува на насловна страница на моден магазин наменет за жени.
Нема коментари