Во рамките на Super Design Pop-Up Store, што се одржува денес и утре од 12 до 22 часот во Младински културен центар, Stylist.mk организира стилско катче, каде што на лице место ќе нудиме бесплатни модни совети и ќе им помогнеме на постителите на настанот да направат соодветни комбинации од понудените модни парчиња и накит од дизајнерите-учесници на настанот. Покрај тоа со фотопарат ќе ги „ловиме“ личностите со најуникатни стајлинзи.
Учестовото на Super Design Pop-Up Store, најголемата дизајнерска привремена продавница e досега органзирана од страна на Ludus e најава за новиот предизвик на тимот на Stylist.mk – консалтинг-одделот, кој ќе функционира во рамките на сајтот и ќе нуди стилистички сегменти. Тие опфаќаат: личен консалтинг, корпоративен консалтинг, стилска преобразба, личен купувач, како вмрежување со познати дизајнери и креативци од областа на модата и убавината. Stylist.mk ќе нуди консултативни сесии во различни делови од креирањето на имиџ, од изборот на облеката и модните додатоци, преку помош при купување и креирање на комплетна гардероба за една сезона, стилистички совети за одреден настан, па до предлагање на модни комбинации и спојување на модните парчиња во ултимативни стилски решенија.
Нема коментари