Естетиката од филмовите на славниот режисер Вес Андерсон е темата на конкурсот за најдобра фотографија кој трае до 10 мај, во организација на здружението „Никулец“. Училиштето за мудрости и вештини, инспирирано од неговата енигматската режисерска естетика – пастелите, боите, симетријата и смелите текстури, ги повикува сите љубители на делата на режисерот да учествуваат на пријателскиот „Конкурс за најдобра фотографија во Вес Андерсон концепт“.
-Го викаат мајстор на извонредна филмска тага, кој се справува со свет, светкав и совршен. Виртуозот, во истовремено прикажување на патетиката како болна и духовита, со толку карактеристичен стил. Секогаш знаете кога гледате филм на Вес Андерсон – велат од „Никулец“.
Правилата за учество се следни: Фотографиите мора да се согласуваат со универзумот на Вес Андерсон и да ги одразуваат техниките, карактеристични на неговиот стил. (Советот на училиштето „Никулец“ подготви Водич во филмовите на Вес Андерсон, кој би ви помогнал во подобро запознавање со неговата техничка прецизност) ; Фотографиите мора да бидат лично дело на авторот; Секој учесник може да учествува најмногу со три фотографии; Пријавените фотографии треба да бидат во дигитален .jpg или друг формат, со висока резолуција; Краен рок на испраќање на фотографии е 10 мај, 2015. Фотографиите испратете ги на pandora.prut@nikulec.com. ; Конкурсот е отворен за секој љубител на делата на Вес Андерсон ; Училиштето „Никулец“, ќе организира изложба на доставените фотографии на „Вес Фест“ – настан посветен на делата на Вес Андерсон. За настанот, како и за наградите, нема да должиме во оваа прилика, но откриваме дека ќе бидат пропорционални со мотивот. Ќе следат и понатамошни настани во чест на учесниците на конкурсот; Изборот за најдобра фотографија, ќе се одвива со гласање на „Вес Фест“ од самите љубители. „Вес Фест“ ќе се одржи на 20 мај.
-Доколку сте уметник, инспириран од Анџелика Хјустон, од дисфункционалното семејство на Бил Мареј и начинот на кој се нурнува во длабочината на морето, како и од тивки фотографии на совршена симетрија, откријте дека не сте сами.
Нема коментари