Под слоганот „Од скица до реализација“, регионалната модна манифестација Balkan Art Fashion Event (BAFE) распиша конкурс за млади дизајнери. Повикот за пријавување е отворен до 10 април и е наменет за креатори од 18 до 35 години, од поранешните југословенски држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Избраните автори ќе добијат прилика да ја претстават својата работа на белградската манифестација Balkan Art Fashion Event, која овој мај ќе се одржи по шести пат. Презентацијата е со цел стручното жири и јавноста да се запознае со делата на младите дизајнери и да им се пружи поддршка во помоцијата на нивниот труд.
Пријавата би требало да содржи CV на дизајнерот и скици од модната колекција или фотографии од реализираните парчиња облека во JPG или PDF формат. Сите заинтересирани кандидати треба да ги испратат апликаците со ознака „За конкурс 2015“ на и- мејл адресата office@bafe.rs.
BAFE во преходните пет изданија собра речиси стотина млади дизајнери и ги престави новните креации и талент во рамки на повеќе од 80 поединечни и групни ревии. Последното издание на Balkan Art Fashion Event почна како модна манифестација за промоција на сроските дизајнери, но поради големиот интерес на авторите од околните балкански држави, организаторите решија платформата да ја подигнат на регионално ниво.
Balkan Art Fashion Event (BAFE), регионален настан на кој повеќе млади дизајнери, познати блогери и стилисти активно ќе учествуваат во ревии, работилници, перформанси и изложби. Главната цел на манифестацијата е запознавање на јавноста со новата генерација на млади модни товрци од Србија и од земјите на регионот. Организаторите на BAFE посебно внимание посветуваат на развојот на оние автори што модата и облекувањето не ја сфаќаат само како една гранка од индустријата, туку и како своевиден уметнички перформанс кој се одвива како на модната писта, така и на улица.
Нема коментари