Неколку месеци по премиерното претставување во јавноста, компилацијата „Некои девојки“ ќе биде промовирана и со концерт, што ќе се одржи на 25 јуни, со почеток во 19 часот, на платото пред Младинскиот културен центар, Скопје. На преставувањето на цедето кое содржи нумери изведени од македонски алтернативни пејачки, ќе настапат: Plava, GreenFuzz, Sleet, G-rough, Телемама, Galatheia, „МаЗНо, аМа Не е“, ДВЕ, а вочест на дамите ќе свири и Брајан Смит од САД. Влезот за концертот е слободен.
Албумот, во издание на „Ако никој не свири“ и Младинскиот културен центар – Скопје, беше објавен на 22 март. Соржи ќе има песни од домашни артистки и групи со проминантни женски членови, кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена. Меѓу нив се: појавуваат „Бернајс пропаганда“, Девојка, Галатеа, Грин Фуз, Херзел и Џеновева, „Џун“, Нина Георгиева, Плава, Првата Дама, Куајет Хирошима, Слит, Телемама и Андан.
Стилски компилацијата е разновидна, покривајќи низа на жанрови како: инди-поп, рок, пост-панк, рап, современа класична музика, електронска и експериментална музика. Најголемиот дел од овие композиции за првпат се објавени на носач на звук, а добар дел од нив се специјално креирани за потребите на компилацијата. Помеѓу изведувачите има и дебитанти, но и добро познати имиња со повеќегодишно искуство. Изданието е достапна на компакт диск, како и во дигитален формат. Обвивката за албумот ја креира дизајнерката на накит, Јасмина Главинче.
Нема коментари